Христијан Мицкоски вечерва гостува во емисијата „Економски магазин“, запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ бара кадровски решенија од идни коалициони партнери на пример, Беса или Алијансата за идни кадровски решенија во СВР Тетово. Тој истакна дека сите кои што ќе успеат да постигант синергија со програмата на ВМРО-ДПМНЕ е добредојден да коалицира со партијата.
Беса и Алијансата се уште ни се немаат обратено, секој оној што ќе успее да воспостави синергија со програмата на ВМРО-ДПМНЕ е добредојден да ја формираме идната коалиција. Што ќе значи обнова на Македонија на оваа денешна ситуација, изјави Мицкоски.
Запрашан од новинарот што со пораката на Албанците дека не би коалицирале со партија без целосна употреба на законот за јазиците.
Тој упати порака дека секој кој бара права треба да биде подготвен и да даде права.
Додека некој бара тоа да биде испорачано, тоа треба да се случи согласно Уставот, бидејки има иницијатива пред уставниот суд, треба да се произнесе судот, треба да се видат и препораките на меѓународната заедница. Ако се чита францускиот нон пејпр, таму јасно стои дека мора да се почитуваат препораките на меѓународните институции, меѓу нив е и венецијанска комисија и греко, да бидат прифатени и интегрирани во правниот систем на една држава, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека е лага оти законот за јазици успешно се применува во државата.
Ајде сега да отидеме во Делчево и да видиме дали навистина законот се применува, сега кој лаже тука? Запраша Мицкоски.
Тој побара да се отиде во Охрид, Ѓевгелија, да се погледнат таблите низ државата, потенцирајки дека постојано не се говори вистината во државата по ова прашање. Мицкоски истакна дека не може на невистина на нечеститост и на лага да се темели државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.