Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира за тоа што во време на крајно влошена епидемиолошка состојба во Македонија, кога секојдневно има по десетици починати од вирусот и воведен е полициски час, високи луѓе од власта заминуваат на одмор во луксузни дестинации.

– Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места;

 

– Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден;

 

– 3364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона;

 

– Имаме жестока здравствена криза и полициски час.

 

Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор.

 

Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење.
Дезертери и криминалци ја водат земјата – коментира Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.