Кога се вакцинирал лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дали во април рекол дека се вакцинирал или само испратил порака сите да се вакцинираат. Ова се чии беше главна мака на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната дебата на Канал 5.

Претпоставувам бидејќи се следите што правам, најверојатно знаете дека сум бил во салата „Борис Трајковски“ заедно со мојата сопруга на почетокот на септември, може и крај на август беше и еве сега ви кажувам да не се мачите, втората доза ќе ја примам во среда откако добив денеска информација дека треба да ја примам втората доза на Синовак, истакна Мицкоски.

Заев, но и новинарот кој го води дуелот имаа забелешка зошто не носел камери со него. Мицкоски рече дека тој се има вакцинирано но од тоа не правел фестивали како функционерите на власта.

– Прво ме обвинивте дека сум потикнувал антиваксерство, па цитирате моја изјава во која што кажувам, лично сум про и ги мотивирам граѓаните да се вакцинираат. И мило ми е што самите се демантиравте, рече Мицкоски на Заев.

Мицкоски посочи дека Заев кажува невистини и самиот се демантира.

– За вас господине Заев нема тајни бидејќи повеќе се занимавате со туѓите животи, отколку со тоа што треба да го работите. Затоа луѓе живи горат, затоа сме први според бројот на луѓе кои што го изгубија животот поради тоа што сте неспособен да се справите со КОВИД пандемијата година и половина, укажа Мицкоски.

Мицкоски појасни дека граѓаните се демотивирани поради неспособноста на власта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.