ВМРО ДПМНЕ нуди решенија за подобро здравство и вистински реформи во образованието во Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Гевгелија каде што се сретна со здравствените и просветните работници.
Здравствените и просветните работници се разочарани од доцнењето на вакцинацијата, но и од тоа што сега граѓаните на Гевгелија за да се вакцинираат мора да патуваат 100 километри во еден правец бидејќи власта не е способна и нема слух за отварање на вакцинален пункт во Гевгелија, вели Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ погрешните политики на СДСМ го погодија и целиот образовен систем во Република Македонија, започнувајќи од неуспешниот обид за пуштање во употреба на платформата за далечинско учење, па се до новата образовна концепција на Мила Царовска.
Ние како ВМРО ДПМНЕ нудиме решенија за подобро здравство и вистински реформи во образованието во Република Македонија, смета Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.