Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети.

Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.

Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата.

Мицкоски му се заблагодари на ангажманот на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар за неговите придонеси за европската агенда, и се надева дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.