Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денес во Љубљана на самитот на ЕПП остварија средба со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.
На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.
Претседателот Мицкоски посочи дека државата влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија
Мицкоски посочи дека и покрај многу бројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел.
И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан.
Земјата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.