Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Хасан Мехмет Секизкок.
На средбата се разговарало за актуелните политички случувања, престојните парламентарни избори и стратешките интереси на Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на членството во Европската Унија што претставува клучен стратешки интерес за државата и дека ВМРО-ДПМНЕ има план и модалитет како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.
Што се однесува на Законот за јавно обвинителство тој посочи дека СДСМ преку уцени и закани наместо реформски закон, сака на шверцерски начин да протурка законско решение кое ќе значи амнестија за криминалот на власта. Во однос на престојните парламентарни избори соговорниците се согласија дека фер и демократскиот процес ќе биде клучен за иднината на државата и дека волјата на граѓаните мора да се почитува, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Мицкоски посочил дека Република Турција е голем пријател на Република Македонија и дека односите помеѓу турскиот и македонскиот народ се исклучително добри. Соговорниците се согласиле дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, но потенцираа дека постои простор за нивно натамошно продлабочување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.