Денеска остварив средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Дирк Јан Коп. На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба, но и за стратешките и реформски процеси кои се од големо значење за иднината на Република Македонија.
Го информирав холандскиот амбасадор за низата на корупциски скандали во кои се инволвирани претставници од власта, но и СДСМ. И потенцирав дека е потребна брза и ефикасна разрешница на случајот Рекет 1 и Рекет 2 во која сите инволвирани ќе одговараат за стореното.

Се согласивме дека владеењето на правото е клучно за иднината на Република Македонија пред се поради остварување на стратешкиот интерес на државата за добивање на датум за преговори со Европската Унија и нашето членство во Унијата. Исто така истакнав дека од огромно значење е помошта и поддршката на Кралството Холандија за Македонија во сферата на реформи во правосудството, јавната администрација и владеењето на правото, но дека е потребна власт која сериозно ќе се зафати со реформите за остварување на стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија за членство во Европската Унија- напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.