Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

Како што соопшти Мицкоски, тие разговарале за здравствената и политичка состојба на државата и регионот.

Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект.

Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните, соопшти Мицкоски.

Додаде дека се разговарало и за нивната соработка во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската унија при што Мицкоски ја истакнал важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија.

Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза, соопшти тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.