Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата се што предлага ВМРО-ДПМНЕ како мерка одбива, и тука веќе не станува збор за политика, тука веќе се работи за суета.

Секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог од непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо – нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да и помогнат на реалниот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.