Добро е што владејачкото мнозинство го прифати предлогот кој го дадов вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните, иако таа поддршка е мала и до сега недоволна, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако пратениците попладнево го усвоија дневниот ред на 36. седница, по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки.

Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните.
Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.