Изјавите на Денко Малевски дека Гоце Делчев е Бугарин се пробен балон и обид да се увиди како македонската јавност би реагирала доколку Владата на Заев прифати вакво нешто во преговорите со Бугарија – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Тој посочи дека позициите на Бугарија се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Гоце Делчев е името околу кое се обединил македонскиот народ.
Tоа е јасно како ден, зошто ако не беше така ќе се откажеа како што се откажуваат од еден нивен градоначалник овие денови. Ветив дека нема да го споменувам, ама морам да го споменам. Како се оградуваат од него, така можеа од Денко да се оградат. Да речат, извинете ама ние се оградуваме од ова што го говори овој човек. Ама гледате дека не се оградија, значи они оставаат простор за преговори. Не можеме да зборуваме за прифаќање на такви работи. Ние сме се обединиле околу Гоце Делчев и тоа не доаѓа во предвид. Ова нема врска со прагмата и нема никаква врска со понатамошното интегрирање на нашата државa во ЕУ. Нема никаква. Затоа нас ни се потребни зрели луѓе и политичари кои што знаат ова како да го исправат – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.