Посакуваат апатија, посакуваат да мислите дека сите се исти, посакуваат сите да ги измачкаат со сопствената кал. А, на граѓаните им е преку глава од секојдневните партиски препукувања, превирања без резултат – напиша на својата фејсбук станица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој посочи дена СДСМ сакаат да не се зборува за вистината, и затоа денес едно зборуваат, утре сосема друго.
Обновата е неопходна, затоа што резултатите се неопходни. Образованието и културата се области кои мора да го имаат должното внимание. Образованието е темелот на секој општествен развој, а културата е она по што се препознава една земја. Токму затоа ние се обврзуваме на работа и обнова која ќе донесе повеќе резултати – додаде Мицкоски.
Тој потсети на нивната предизборна програма со која се обврзуваат на:
✅Изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта
✅Поголеми примања за Универзитескиот кадар (до 100 000 денари плата за редовни професори, до 80.000 денари плата за вонредни професори, 60.000 денари плата за доценти, до 45 илјади плата за асистенти на факултети)
✅Поголеми плати за наставниот кадар во основното и средното образование. Плата до 36.700 денари согласно Колективниот договор
✅Повеќе пари во образованието. Зголемување на инвестициите од 3,7% на 5% од БДП
✅Делегиран буџет за културните установи
✅Стимулирање на инвестициите на приватниот бизнис во културата
✅Изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје
✅Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата
✅Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитеско обележје
И многу други проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.