Мојата порака е да не губиме надеж, да не се обесхрабруваме бидејќи најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Гостивар, каде го одбележа големиот христијански празник Преображение.
Денеска сме овде во Гостивар да одбележиме еден навистина голем христијански православен празник.
Ја користам оваа прилика на православните христијани да им го честитам празникот и да им посакам се разбира здравје, среќа, успех ним и на нормално сите наши сограѓани. Ова е посебен ден, тука сум да пренесам порака дека се ближи крајот на ова наше тешко мачно секојдневие.
Доаѓа денот кога навистина очекуваат и граѓаните, очекуваме и ние големи промени коишто ќе се случат после овие локални избори.
Мојата порака е да не губиме надеж, да не се обесхрабруваме бидејќи најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.