Лагата излезе на површина, исто како и изворот на тие лаги, СДСМ, напиша денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по веста дека МВР го испита случајот со видеото на кое се прикажува како Мицкоски наводно ги прекршил владините мерки, односно со придружба посетил теретана која наводно работела само за нив.
И лагите се нивната основна дејност за да го покријат грабежот на буџетот кој во првите три месеци изнесува 120 милиони евра, или секое домаќинство го задолжиле за 15 илјади денари, за да корумпираат целни групи за изборите кои се одложија. И нормално нема ниту да се извинат што со денови ја лажеа јавноста и го валкаа моето име. Но поважно од сето ова, а на кој одговор треба да дадат господата од СДСМ е која парапартиска структура врши мое следење, и кога тоа ми го прават мене, можам само да замислам каков е односот и кон другите граѓани.Наместо да лажат, треба да спасуваат животи.
И дека е лошо во економијата, е благ збор. Катастрофално е!, порача Мицкоски преку „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.