Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од Делчево рече дека на 15 јули одлучуваме во каква Македонија сакаме да живеееме, понижена Македонија или горда Македонија.
Затоа порача, Мицкоски, да гласаме за реден број 14 и за „Обнова на Македонија“.
Мицкоски пред делчевци истакна дека пред 30 месеци, започна последниот маратон на ВМРО – ДПМНЕ, за да се дојде до денешните Предвремени парламентарни избори.
За само две ипол години веќе зборуваме за нив, затоа што верувавме во тоа што го работиме. За тоа време имаше понекоја критика, некој ќе кажеше зошто сте млаки, зошто молчите, сега треба да нападнеме. Во тоа време ќе беше најлесно да влезе во битка каде целта и завршницата ќе бидат неизвесни. Но одлучивме напорно да работиме и благодарејќи на поддршката која ни ја дадовте дојдовме до целта да собориме ненародна власт предводена од Зоран Заев, рече тој.
За тоа да се случи, како што додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, останаа само помалку од пет дена.
Само пет дена не делат од победата над неправдата и понижувањата, помалку од пет дена не делат од оние истрошени политичари, се чувствува тоа од првиот собир во Охрид, па еве сега во Делчево. Се мобилизира Обновата, јас верувам во силата на македонскиот народ без разлика на етничките разлики, секогаш кога било најтешко тие биле најбројни и се спротиставувале и пред посилен противник, додаде Мицкоски.
Тој рече дека матрицата на СДСМ на овие избори е содржана во четири чекори.
-Првиот чекор е преидзборна лага, потоа следува вториот чекор национално предавство, третиот чекор плачка и криминал и подоцна обивнителстовото и судството им е потребно за носење сомнителни одлуки. Но ќе ве потсетам на првата генерација нивни политичари, кога ни ветуваа европска иднина само требаше да се откажеме од нашето знеме, за криминалот и корупцијата сведочат многу споменици од тоа време, се сеќавам наши родители кога бевте прогласени за технолошки вишок, мислевте како да се обезбеди егзистенција а за школувањето на вашите деца не стануваше збор. Ќе ве потсетам на аферата ТАТ, на онаа срамна распределба кога се парчеше државата кога македонецот дома беше гостин. Ќе ве потсетам и на пљачката со тенковските делови кога милиони се крадеа со провизии на грбот на овој народ, додаде Мицкоски пред делчевци. Сиот срам сето понижување денес се спакувани во една Луј Витон чанта, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.