При денешната посета на општина Кочани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски од страна на медиумите беше запрашан за став околу случајот со АД Славија. Тој на тоа посочи дека e случај во кој што постои еден сериозен криминал во обид од страна на власта.

Станува збор за обид да се продаде друштвото Славија во стечај, за цена која што е нешто повеќе од почетна цена, за нешто повеќе од 200.000 евра. Иначе целиот капитал е проценет на повеќе од 20-тина милиони евра. Само можам да напоменам дека минатогодишните приходи се негде на ниво повеќе од 800-тини илјади евра. А, да не зборувам за други урбанистички планови кои што претпоставувам потенцијалниот купувач има намера да ги користи во делот на би рекол седиштето на ова друштво Славија, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е шокиран со каква леснотија раководните лица прават криминал.

Јас сум навистина шокиран од леснотијата со која лицата со кои што ги управуваат институциите , а се дел од структурите на СДСМ и ДУИ одлучуваат да прават криминал, како да е ова последно, како да нема да продолжи понатаму животот, но треба да знаат дека набргу доаѓа соочување со правдата и одговорност за сторениот криминал кој што се случуваше изминатиов период. Така да јас апелирам и до јавноста и до медиумите будно да го следат развојот на овој случај бидејќи она препелкање кое што го видов вчера од страна на надлежните кои што во моментов се дел од раководството на ова друштво Славија навистина претставува срамно барање на алиби имајќи в предвид дека веќе петта година СДСМ е власт. И навистина сум повторно ќе кажам шокиран од леснотијата со која одлучуваат раководните лица да прават криминал, укажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.