Сакаат да ги украдат гласовите на граѓаните – тоа е суштината на барањето за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, кусо одговори првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето на уредникот на Канал 5 ГОце Михајловски зошто ВМРО-ДПМНЕ инсистира на предвремени парламентарни избори кога стопанските комори предупредуваат дека предвремени парламентарни избори ќе го забават економскиот раст кој се очекува конечно да се случи по 3-4 години постојана политичка криза во државата, а се намалуваат и шансите во јуни да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Сакаат да инсталираат свој послушник на местото претседател на Република Македонија. Сакаат до крај да ја уништат правната дрѓава и владеењето на правото. Тоа е основната цел. Затоа не се подготвени да организираат избори во кои ќе маме техничка влада, со министер за внатрешни работи којшто ќе биде на предлог од опозицијата.

Не е точно дека нам конечно сега ќе ни тргне, се осврна Мицкоски на забелешката на Михајловски дека оваа година конечно ќе биде година на економски бум.

Невозможно е да се случи тоа со исклучок на првиот квартал, затоа што првиот квартал во 2018 година беше екстремно низок. Имаа 0%, па со пиши-бриши стаатистика го качија на 0,9%. Во теоријата економски бум значи кога имате раст од 5-5,5%, но не и под 3%, како кај нас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.