Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше интервју за „Радио слободна Европа“ при што посочи дека реалноста во Република Македонија не може да се игнорира по донесувањето на капитулантскиот договор од страна на Зоран Заев, но може да се смени. А, ќе се смени по победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори.

Ние реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме, нагласи Мицкоски.

Мицкоски образложи дека за жал како резултат на капитулантскиот договор кој што го направи Зоран Заев денес живееме во таа реалност. Односно дека тој предава како професор на факултет кој што е составен дел од МОН, а МОН е дел од Владата  со таа придавка која што ја донесе Заев со капитулантскиот договор. Плата зема од министерството за финансии кое што е дел од Владата со новата придавка.

Јасно е дека требаше договор, и никој не ја игнорираше таа реалност во Македонија, ниту една влада но не со ваква содржина како што ја има овој договор, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.