Разликата во изјавите е три дена, а лагите се исти, пишува претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Разликата на изјавите е три дена, лагите се исти.

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 21 February 2021

Пишманлакот на Заев не може а да не се искоментира.

Во петокот изјави дека Македонија нема да нарачува од руските вакцини, а два дена подоцна, т.е. денес, да изјави дека дал насоки да се нарачаат вакцини „Спутник“.

Главниот аргумент на Заев за одбивање на руската вакцина, за која францускиот претседател Макрон смета дека заедно со кинеската е неопходна во борбата со пандемијата, е што веќе нарачал големи количества од другите вакцини, па ќе сме се затекнеле со 5 милиони вакцини.

Сепак, изгледа нема да се затрупаме со вакцини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.