Сето она што со години генерации политичари политичари го создавале, откако дојдоа овие на власт овие политички губитници, распродадоа се, за да добијат неколкумина обожаватели и клиентелисти околу Зоран Заев, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.
Неколку подебели банкарски сметки, да добијат некој бизнис повеќе, да се амнестира оној кого цела Македонија го гледаше и слушаше како бара мито, и ништо повеќе, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека државата не напредува во ниту една сфера.
Ова што ни се случува е само распродавање на интересите за да живееме подобро и да имаме некаква предвидлива загарантирана иднина, но ние од тоа ништо не добивме. Единствено што добивме е уназадување, декаденција и примитивизам, несупеси, регресивност наместо прогресивност, ниту една реализирана реформа, констатира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.