Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објаснувајќи ги реформите во судството, правосудството, обвинителството и реформи во политичкиот систем рече дека тоа е многу важно бидејќи куќата се гради од темелот
Огромна група на експерти работат, уште не е готов тој дел, последниот конечниот датум е 10 март кога треба да ја имаме конечната верзија за реформите кои што ги предвидуваме и благовремено јавноста ќе биде информирана за тоа за кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ планираме. Но секако не „трас трас“ судство, не Луј Витон обвинителство, не Сваровски судство туку вистинско судство во кое граѓаните ќе имаат доверба, а не судство во кое што граѓаните на анкетите ќе велат и ќе даваат оценка на анкетите ќе велат и ќе даваат оценка од 1 до 5, единица и не судство во кое што ќе се разочаруваат граѓаните и ќе ја напуштаат државата.
Според Мицкоски најважно е да се ослободи судството од влијанието на политичарите.
Ако ме прашате зошто? Затоа што сме луѓе без концесија кои што влегуваат во оваа работа, немаме потреба да бидеме во владата за да нашите адвокати им даваат насоки на обвинителите и судиите за тоа какви обвиненија да пишуваат и какви пресуди да носат. Едноставно сме влезени затоа што ова е историски момент за оваа држава и за овој народ. Од оваа точка нема враќање назад. Не смееме да дозволиме ниту ден повеќе на СДСМ и Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.