Вечерва на гостувањето на Инфомакс, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека програмата на СДСМ на овие избори беше кеш, пари на рака и лаги, со притисок, закани, уцени и картички и земање провизии.

Ако ја погледнете програмата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори многумина ќе речат дека ова споредбено со ова е докторска теза, кај нив постои програма кеш, пари на рака, притисок, закани, уцени, картички, тоа е начинот на кој функционираат овие луѓе, ќе земат провизија и таа провизија ќе ја поделат пола за себе, пола во касичката  за следните избори за поткуп. Така функционираат – вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека со таа програма со која излегоа на изборите во 2016 година споредбено со тоа што го реализирале од таа програма во овие четири години, не е ни пет проценти тоа спроведено и би се срамел човек да излезе на избори со 5% реализација на програма.

Нивната матрица не е програмата, погледнете го последниот отчет што доцнеше неколку дена затоа што немаа што да кажат, кои три работи ќе останат запаметени во сто дена Влада, првата е легализација на марихуана, втората работа е легализација на црни пари и третата работа е интервјуто за БГНЕС каде што практично беше негиран целовкупниот македонски идентитет – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.