Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при гостувањето на ТВ „Клан“ истакна дека според денешната статистика, во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и Италија оваа пролет, а властите кај нас прогласија победа над пандемијата уште во мај месец, а сега е полошо од ден на ден со четвороцифрени бројки за заразени.

Наместо подготовки за втор бран ние имавме изјави во јавноста да не се грижат граѓаните, зашто подготвени ќе сме влезеле во вториот бран. Па еве сега влеговме во вториот бран и денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија. Тука нема етнички состав, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми умираат, поради негрижата на оваа Влада и институциите што ги менаџира оваа Влада – истакна Мицкоски.

Мицкоски посчи дека денеска има 42,6% инфицирани лица од тестираните граѓани и дека тоа е повеќе од најголемиот пик од Бергамо и во Шпанија што го имаше во оној прв бран што се случуваше оваа пролет.

Овој денешен втор бран е последица на лошото менаџирање во првиот бран иако „политикологот“ Караџовски прогласи победа над пандемијата некаде, чинам, кај мај месец. Сепак, чувството на граѓаните е дека ние никогаш не сме излегле од пандемијата, туку таа станува од ден на ден се полоша, за денеска да имаме и четвороцифрени бројки на заболени и сериозна бројка на граѓани кои го губат својот живот – критикуваше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.