Градоначалникот на општина Петровец е пример кој што треба да го следат и сите оние други неуспешни градоначалници коишто се во Република Македонија, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во посета на оваа скопска општина.

Како што рече Мицкоски, денеска жителите на овие населени места во општина Петровец добиле навистина пристојни услови за функционирање.

Услови коишто се навистина идеални, се разбира идеално колку што може да се биде во денешно време во Република Македонија. Средствата кои што се обезбедени како што кажа и градоначалникот, се обезбедени од ИП фондовите и истите се наменски искористени за овие проекти на кои што денеска присуствуваме. Јас би посакал и во иднина на истите оние градоначалници кои што денеска гледаме како му слугуваат на деспотот Заев да го следат овој пример и конечно наместо мудрување и правење работи кои што навистина повеќе личат на реално шоу отколку на вистинско работење на градоначалник, да го следат примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и така да продолжат да работат, да инвестираат во развојот на нивните општини, а на тој начин ќе инвестираат и во развојот на Република Македонија, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








Comments are closed for this post.