Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба се извини на граѓаните затоа што наместо да зборуваат за здравјето на луѓето, тие зборуваат за избори.
Вели дека имале многу нови правни дилеми околу изборите.
Рече дека од извештајот од Комисијата за заразни болести е разочаран.
„Предложивме три термина, кога цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку во опасност и тоа се термини кои не се фиксни“, вели Мицкоски.
Крај на август или септември, се период кој го предложиле за избори.
„Имаше еден ултиматум од Зоран Заев, а ние под ултиматуми не работиме“, изјави Мицкоски.
Договор за датум за избори засега нема.
Мицкоски е изненаден како тоа Комисијата за заразни болести дала препораки за кампањата од врата на врата, и дала дефиниција на големи и мали митинзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.