Предлогот на СДСМ предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Дали тоа не е навреда за сите останати обвинители во државата? – запраша на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е финансиска независност на целокупното државно обвинителство, од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, секоја година да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.

А државниот јавен обвинител почитувајќи го со устав загарантираниот принцип на вертикална субординација да врши реалокација согласно decision-making процесот внатре во рамките на државното јавно обвинителство и потребите на истото. Самите тие независно надвор од било какви политички влијанија да вршат приоритизација на случаите кои што ќе бидат предмет на нивна истрага – рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ предлага спрега и кочница бидејќи, како што нагласија, јавноста виде како еден монарх во кој што меѓународната јавност, домашната јавност, практично имаше неограничена доверба истата ја прокоцка и злоупотреби.

Ние не можеме да се согласиме на формирање на уште еден монарх кој што можеби би го повторил истото однесување. Затоа предвидуваме спрега и кочница. Доколку обвинител под политичко влијание или мотивиран од други побуди покрене обвинение и низ судски процес се констатира дека тоа обвинение не било издржано и се нанесе штета на угледот на физичкото и правното лице – искоментира партискиот лидер.

Тој додаде:

И доколку физичкото лице или правното лице бараат во судски процес надомест на штетата која е нанесена поради нарушениот углед, обвинителот и од буџетот на државното јавно обвинителство таа штета да се надомести. А, не од паричниците на граѓаните и даночните обврзници, затоа што некој обвинител бил употребен или злоупотребен поради политички цели или други мотиви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.