Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и долго очекуваните вакцини.

Во однос на изјавата од страна на Радмила Шекеринска за вакцините кои што не се донесени во државата, Мицкоски беше дециден дека она тврдење дека вакцините не се донесени за да не се тестираат на македонските граѓани е тотално апсурдно и вон здравиот разум, бидејќи додека граѓаните на околните земји се вакцинираат, македонските чекаат вакцини.

Шекеринска тврдеше дека вакцините можеле да ги донесат, но не ги донеле поради тоа што потоа граѓаните би велеле дека се предмет на тестирање, односно дека врз нив се испробуваат нетестирани вакцини. Таквото тврдење е апсурдно и несериозно за еден политичар, кој наместо да обезбеди вакцини за сопствениот народ, својот неуспех го прикажува како успех и манипулира со граѓаните, додаде Мицкоски.

Владата нека не се споредува со земји кои не се членки на ЕУ и не добиле вакцини, туку нека се спореди со оние земји кои не се членки на ЕУ, а сепак кај нив отпочна вакцинацијата. Најблизок таков пример е Србија. Токму затоа, ваквите празни флоскули од типот на оние на Шекеринска, не палат кај народот. Граѓаните имаат сериозна потреба од вакцините и тие мора да бидат набавени час поскоро, а не да слушаме на телевизија приказни за мали деца, истакна Мицкоски.

Република Македонија се уште се соочува со пандемијата и секојдневно бележи бројки кои што не се за занемарување, туку напротив укажуваат на фактот дека вакцините се неопходни. Политичарите од власта нека ги засукаат ракавите и нека смислат како да ги донесат вакцините во државата и вакцинацијата да отпочне, бидејќи и онака доцниме веќе неколку месеци. А политичарите од типот на Шекеринска кои и при вакви ситуации пробуваат неуспехот да го прикажат како успех и да ја задскриваат неспособноста, заслужуваат да одговараат за своите постапки, заврши Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.