Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма истакна дека опозицијата се залага сите случаи кои што се во рамките на Јавното обвинителство и пред судовите треба да си продолжат. Тој преку неколку примери посочи дека во Македонија владее селективна правда. Мицкоски потенцираше правдата мора да важи за секого, а не за некого, тоа е нашата борба, додаде тој.

-Сите случаи кои што се отпочнати во рамките на јавното обвинителство до крај да се истераат и во судските процеси и се. Но знаете што е проблемот, знаете ли колку случаи отпочнаа од почеток? Знаете? Знаете дека се случи судија 90 дена да не свика рочиште? Знаете за кого е тој случај? Не знаете. Еве јас ќе ви кажам. Знаете дека судијки се повлекуваа од случаи за да почне случајот од почеток. Затоа што господине Хајредини правдата во оваа држава треба да биде за секого, не за некого. Е нашата забелешка е токму таа, да биде за секого. Инаку да немате дилема ВМРО-ДПМНЕ и јас лично се залагаме сите случаи кои што се во рамките на Јавното обвинителство и пред судовите да си продолжат, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.