До мене стигнаа неколку можности за да се прошири тоа пратеничко мнозинство кое би изгласало евентуална недоверба на владата и после тоа би почнале преговори за нова влада, изјави вечерва во Тема на денот на Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Информациите кои излегоа дека некои пратенции се колебале се непотврдени. Станува збор за еден пратеник од редовите на Алтернатива Скендер Реџепи којшто исклучително го почитувам и знам дека е голем борец против оваа корумпирана влада така што тука немам никаква дилема, изјави Мицкоски.
Мицкоски ги повика сите останати 59 пратеници кои што сметаат дека оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ води погрешна политика, ја направи Македонија најкорумпирана и најкриминална држава, сите кои веруваат дека оваа катастрофа која ја направи оваа влада е навистина катастрофа се добредојдени да се придружат на иницијативата за изгласување недоверба на владата.
Впрочем ја користам оваа прилика да ги повикам сите останати 59 пратеници кои што ценат дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев води погрешна политика, не реформска политика, политика која што не направи најкорумпираната и најкриминална влада држава во Европа, рекорден по бројот на луѓе кои што го загубија својот живот од ковид пандемијата, со катастрофа во образованието, на дното сме на Балканот според странските инвестиции, пред некој ден прочитав дека во оваа 2021 година во Србија влегле повеќе од 3 милијарди евра странски инвестиции, а кај нас таа бројка е едно 20 до 30 пати помалку. Така што сите оние пратеници кои што веруваат дека оваа катастрофа која што ја предводи денес СДСМ и Зоран Заев е навистина катастрофа се добредојдени да се придружат на оваа иницијатива која што ја започнавме за прогласување односно изгласување на недоверба на владата, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.