Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс повика на обединување на опозицијата со цел да се порази Зоран Заев.

Јас повикував цело време на обединување на опозицијата и ќе продолжам да повикувам на обединување на опозицијата што не гледам друг начин освен да се рашири фронтот и да се окрупни против Зоран Заев затоа што повторно ќе има пари, ќе има поткупи, картички, петти, шести пакет, притисоци, судии, обвинители, работни места, закани, уцени, се ќе има.

Сакаме ли и покрај нашите концептуални разлики да се помириме? Сакаме. Да го поразиме ова зло па потоа внатрешно да гледаме како ќе работиме – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.