Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба која ја оствари со пазарџии од Зелен пазар зборуваше за изјавата на Заев дека сега не е време за предвремени парламентарни избори.

Мицкоски потенцираше дека не може да му верува на изјавите на Зоран Заев затоа што веќе четврта година по ред се слушаат лаги и криминал од страна на Заев и затоа се потребни нови предвремени парламентарни избори како и нова Влада.

Па не знам дали воопшто може да се верува на изјавите на господинот Заев затоа што четврта година по ред ние слушаме само лаги и многу криминал во Македонија. Но, единствено што е јасно и што би рекол еве вака да се изразам помалку шеретски, а што се гледа од месечината е кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори, нова Влада и одговорност за оваа Влада која што го поткраде народот, рече Мицкоски.

Понатаму Мицкоски зборуваше и за тоа дали смета дека заедно со локалните избори ќе има и предвремени парламентарни избори.

Па, четврта година по ред сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ еве четвртата година јас сум континуирано на терен и континуирано со граѓаните не значи дека ако сега можеби сме тука и ако пред нас се локални избори или она што го најавуваме предвремени парламентарни избори тоа подразбира дека ова е кампања за тие избори бидејќи четврта година по ред би рекол повеќе од двеста дена во годината се наоѓам на терен се наоѓам помеѓу граѓаните и така и ќе продолжам бидејќи само така можеме како луѓе и како политичари да ја вратиме вербата во луѓето бидејќи луѓето комплетно ја имаат изгубено вербата во политичарите бидејќи за жал овие години политичарите донесоа само едно големо политичко мочуриште во оваа наша Македонија. Верувам апсолутно, верувам и се борам за тоа, и потребно е тоа да го има за ваше добро за доброто на сите, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.