Денес имав чест да бидам во Црешево, општина Гази Баба. На граѓаните им го честитав големиот Христијански празник Воскресение Христово Велигден. Овој ден нека донесе среќа, добро здравје, и биреќет за секое семејство, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Жалната вистина за Македонија е дека денес граѓаните живеат лошо, со стегнати срца, со кнедла во грлото. Нема семејство кое не се соочува со сериозни проблеми, некаде е тоа егзистенцијална природа, некогаш тоа е неправда нанесена од системот, а некаде огромното мнозинство на блиски роднини и пријатели се веќе иселени. Имаме ерозија на, не само политичките, туку и општествените морални вредности. И не е тоа системот за кој се бореа нашите предци и тоа не е системот кој ние го посакуваме. Затоа постои разочараност на граѓаните. Но има надеж, мора и може да биде подобро, рече тој.

Мицкоски порача: „Посакувам и обединување и надминување на делбите, но не врз основа на тесногради лични интереси, туку темелено на заедничките интереси на Македонија. Бидејќи тоа е нашиот заеднички дом“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.