Имавме една комуникација со Зоран Заев, кога проструи во јавноста дека се преговара за спорот со нашиот источен сосед. Во таа комуникација, сега е непристојно јас детали да вадам, но генералната моја поента беше да не попушта на притисоците бидејќи македонскиот народ и македонската држава немаат веќе што да даваат, ниту пак што да губат. И дека тука сум јас, тука е и ВМРО-ДПМНЕ ако му треба поддршка во таа одбрана на македонскиот идентитет, дека му стоиме на располагање – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека за прашањето со источниот сосед ВМРО-ДПМНЕ и тој лично му стоеле на располагање само да не попушта во преговорите, Македонија веќе нема што да даде, не се потребни штетни договори.

Деталите е непристојно да ги зборувам, но генерално тоа беше последната комуникација со Заев – нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.