Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Струга. Тој оттаму порача дека Заевизмот силно го гуши нашето општество, а за тоа има докази секоj ден и на секој чекор.

Денес гледам од одредени медиуми како се пренесуваат СМС пораки од премиерот во кој се фали дека вработил над 28 илјади партиски војници. Ако ова e вистина тоа значи дека за толку ја оптоварил државната администрација, за 28-те илјади плати кои ќе ги плаќаат граѓаните. Очигледно непотизмот како канцер се шири и претставува составен дел на Заевизмот, но вистинската хаварија е тоа што позади секој од тие 28-те илјади ново вработени партиски луѓе, стои најмалку еден разочаран граѓанин и млад човек, кој учел, се борел низ животот, неговото семејство вложувало и се надевало.

Сега кај секој еден од нив помислата е една, како може да ја напуштат државата затоа што со оваа власт тука иднина нема. Тоа е страшната последица на Заевизмот данокот кој го плаќа секој еден граѓанин. Не смееме да бидеме општество на привилегирана власт и угнетени граѓани. Не смееме да дозволиме талентираните да бидат бркани од неталентираните. Оваа држава треба да биде подеднаква за сите граѓани, истакна Мицкоски по посетата на Струга.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.