Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Куманово и оттаму порача дека Македонија мора да се врати на нормален колосек.

Денеска сме овде во Куманово, ќе разговараме со кумановчани за актуелната ситуација, за предизвиците кои што во изминатиов период ги чувствуваме сите ние, пред се тука мислам на лошата, политичка, економска состојба во државава, изминатата тригодишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна при денешната посета на Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека власта лошо ја менаџира Ковид пандемијата.

Цела Европа излегува ги отвора границите, се нормализира животот, за жал кај нас допрва ги очекуваме најголемите пикови и бележиме рекорди по бројот на луѓе кои што за жал го губат својот живот. Но тоа е, што е, периодот кој што е пред нас ќе се обидеме ширум Македонија да ја презентираме нашата програма, да разговараме со што е можно повеќе сограѓани, да ги убедиме во нашата мисија, а тоа е најпрвин да ја поразиме пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, а потоа да ја совладаме пандемијата со Ковид-19 вирусот. Се разбира и економски и политички Македонија да ја вратиме во нормален колосек, а не онаму каде што силно ита, а тоа е бездна која што ја предводи ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, рече Мицкоски во Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.