Крива Паланка на 5 ти мај ќе одбере правда за Македонија и тука народот вели Гордана ќе биде. Неправдата ќе биде поразена, ќе бидат поразени заштитниците на криминалот и корупцијата. Го гледавме вчера Заев на една телевизија каде кажуваше лага до лага, но даде и скандалозно признание дека влијаел и сопрел истрага за двајца негови функционери осомничени за криминал. И по ваквото признание нема реакција на инситутуциите, зошто криминалот е секаде во системот вкоренет. Имаме на власт промотори и заштитиници на криминалот. И се додека вакви политичари ја водат државата нема европска иднина. На Македонија и требаат лидери кои се честити, кои се праведни, и кои ќе се изборат за Европската иднина, таков политичар е и Гордана Сиљановска Давкова. Излезете и одберете правда за Македонија!- напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.