Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дневникот на Сител,истакна дека пописот насилно се турка, но и дека неговата партија со своето дејствување е на страната на народот и вистината.

Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, не за статистичка. Ние сме на страна на граѓанството, а тоа е различна страна од Владата која се обидува да го презентира ова како национална тема и дека некој бил против правата, но суштината е дека ние сме на страната на она што треба да даде одговор за тоа како Македонија треба да се развива во иднина – изјави Мицкоски.

Мицкоски критикуваше дека владиното мнозинството на сила во собранието сака да го помине законот за попис, но како опозиција нема да дозволи и ќе се спротивстави  на оваа политичка операција.

Се шпекулираат процентите кои се процентите од овој попис. Самото тоа ја девалвира оваа операцијаИмаме двоен потпис. Да речеме дека е чесна намерата. Зошто е потребен двоен потпис, ако не е политичка операцијата? – потенцираше Мицкоски упатувајќи прашање до власта.

Тој ги повтори неговите ставови дека пописот треба да биде статистичка операција и дека дуото Заев и Ахмети, како што вели тој, би имало бенефит од пописот правејќи изборни нерегуларности.

Да ви претставам преку пример. Утре кога ќе позајмиме пари ќе уплатиме помалку отколку што треба. Затоа велиме НЕ за политички попис, ДА за статистички попис – изјави Мицкоски.

Како алтернатива тој посочи дека нивната замисла за пописот е да има терминали кои ќе ги вчитуваат отисоците од прст.

Мицкоски истакна дека треба да гласаат закон чија методологија не целосно јасна, нагласувајќи дека методологијата не е излезена во службен весник.

Затоа Мицкоски ги спомна и локалните избори.

Ние како и да е ќе имаме локални избори. Дајте тие да ги искористиме и за пописот. Ние потпишуваме резиденти на нашата држава, а не други – изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.