„Јас зборував јавно на таа тема дека ВМРО-ДПМНЕ попис во кој што не е вклучен во изработка на закон или во телата не може да поддржи од проста причина затоа што комплетно игнорантскиот однос од страна на власта е најголем проблем во оваа држава“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостува во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5. Мицкоски додаде дека во општество во кое што Зоран Заев и политичката мафија се на власт тешко е да се помине било каков суштински амандман во Собранието.
„Понудивме многу пати во минатото и сега не брзајте, дајте да седнеме да разговараме. Нас не ни е потребна операција на попис заради исполнување на било какви бројки. Нас ни е потребно операција за дефинирање на статистички параметри во државата“, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.