Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека неговата мајка веќе неколку дена е позитивна на коронавирусот, а тој не бил во директен контакт со неа токму поради ризикот на кој е изложен. Мицкоски поради функцијата секојдневно се среќава со многу луѓе.

Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен, бидејќи секојдневно се среќавам со многу луѓе, изјави Мицкоски кој денеска беше во посета на Струмица заедно со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Мајката на Мицкоски веќе шест дена е во домашни услови и тој и посакува добро здравје.

За жал и кај нас во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус. Истовремено да им посакам на сите граѓани многу здравје и да се чуваат бидејќи јас за разлика од други определени политичари нема да ја релативизирам таа работа. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го преживуваат, сериозно го преживуваат. Имајќи ја во предвид неспособноста на Владата, имајќи ја во предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија таа за жал на дневна основа е се повеќе присутна помеѓу нас. Но и тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам да на 15-ти јули ја поразат оваа власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски по посетата на општина Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.