Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали е подготвен да биде премиер на Република Македонија, одговори:

Јас сум подготвен да бидам премиер на Македонија.

Мицкоски рече дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тогаш граѓаните ќе видат како ќе биде изменет процесот кој финишира со Преспанскиот договор.

Ципрас јасно и гласно кажа дека признаваме нација, признаваме државјанство. Само прочитајте ја дипломатскта нота во која Димитров објаснува дека nationality подразбира државјаство, а не нација. Ова значи дека самите се откажуваме од нацијата, вели ова не е нација, тука е државјанство. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата и ќе се стори се овој процес да го измени, да ја добиеме довербата и ќе видите, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.