Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција рече дека тој и подава рака на Владата за заедно да се надмине оваа криза. Вели дека е подготвен да отиде во Владата и да ги презентира предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.
Kако лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани.
Тој го образложи на начинот на кој може да се дојде до пари.
Еве го начинот на кој што владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопштам во три чекори.
Покрај веќе она задолжување кое што како процедура е отпочнато, а владата бара 400 милиони евра како заемобанките и заемодавателите и останати околу 200 милиони од ММФ и Светската банка која што доколку успешно се реализираат средствата би биле достапни за бизнисот и за граѓаните некаде во првата половина на месец мај. Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор е веднаш благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.Вториот чекор кој што го нудиме, а голем број европски држави, пред се тука мислам на Балтичките држави кои што во времето на финансиската криза во 2008 и 2009 година, потоа државите од Централна Европа, како што е Полска, Унгарија го направија во услови на криза а тоа е средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите. Еве начин како да обезбедиме дополнителни 35, 36 милијарди денари заедно со оние 600 милиони евра кои што веќе тргнавме во потрага во обезбедување во Светот, ќе значи сигурно, надежно и безбедно пребродување на оваа пред се здравствена, а потоа и економска криза.
Тоа е планот 1 милијарда и 200 милиони евра кои што веднаш владата може да го реализира.
Повторувам веднаш без одлагање, бидејќи свесни сме и ние и сведоци сме дека се што во минатото ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предложивме беше на прво одбиено, за да 15 – 20 дена потоа беше аплицирано, за жал задоцнето и ефектите од таквата апликација изостанаа.
Затоа стојам овде и ве предупредувам, аплицирајте го ова за веднаш да излеземе од оваа финансиска криза. Благајничките записи заменете ги со државни хартии од вредност и оние средства кои што требаа да се уплаќаат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат со уредба со сила на закон на владата пренаменети во средства кои што ќе се уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд – рече Мицкоски.
На крај тој упати три пораки.
Првата е до неспособните министри во владата на СДСМ, немојте да кревате паника, немојте да ја плашите администрацијата, затоа што ефектите од тој страв кој што вештачки и артифицијално го наметнувате дека ќе немало средства за плата на администрацијата, може да доведе до паника, а паниката може да предизвика несогледливи, негативни ефекти врз нашата македонска економија. Доколку вие не сте како карактери подготвени да се справите и да работите под притисок, напуштете ги местата и оставете им на луѓе кои што се подготвени да работат под притисок и знаат како да се справат со предизвиците.
Втората порака е кон администрацијата, сите оние кои што ве убедуваат дека урамниловката е решение, јас стојам пред вас и ви велам, не тоа не е решение. Се консултирав и со мојот стратешки соработник професорот Хозе Караско кој што предава на кралскиот универзитет во Мадрид Шпанија и споделивме искуства. Таков случај воопшто не постои, ниту во Европа, ниту во Светото. Но, сакам да бидам искрен како што впрочем секогаш сум бил искрен со вас, кратење мора да има, тоа кратење во месец март според нашите анализи ќе биде до 10проценти, а потоа од месец за месец ќе го анализираме и врз основа на тие анализи ќе носиме заклучоци и ќе предлагаме до владата. Но ве уверувам сето она кое денеска заеднички ќе го скратиме ќе ви биде во подобри времиња вратено. Верувајте затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имам единствена цел сите заеднички да ја победиме оваа пандемија, а потоа сите заеднички да ја победиме економската криза и да излеземе сите заедно сплотени и обединети како победници од целата работа.
Трета работа која што исто така сакам да ја упатам до пензионерите, а тоа е доколку се аплицира овој предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го предлага и тие 10 милијарди денари кои што беа предвидени да се слеат во вториот задолжителен приватен пензиски столб, се слеат во првиот задолжителен државен пензиски столб ќе има пензија за сите. Ќе има пензија навреме без доцнење и во времето на кризата.
Конечно на крај сакам да упатам порака до бизнисот и сакам да упатам порака до владата. Ви ја подавам оваа рака за да седнеме и да разговараме. Едно е битката да се санираат последиците од пандемијата но и од економската криза, а онаа позначајната и поважната битка е како во услови на ваква пандемија и како во услови на ваква економска криза да го раздвижиме стопанството да може да создава производ, да може да создава додадена вредност за да ја одржиме економијата онолку колку што можеме за да веднаш после првиот ден откако ќе престане оваа криза и здравствена и финансиска го достигнеме максимумот и зошто да не и повеќе од тој максимум.
Она што како ВМРО-ДПМНЕ во периодот планираме да го спроведеме подготвени сме навремено да ја информираме и јавноста но и оние самобендисани министри во владата на Македонија – истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.