Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска упати честитка до сите припадници на турската заедница по повод Денот на настава на турски јазик – 21 Декември.

– Овој ден е од големо значење за турската заедница, но и за сите граѓани, бидејќи правото на настава на мајчин јазик е едно од најзначајните права и приоритети на нашата држава со кое што се овозможува негување, заштита и промоција на својата културата, вредностите, традициите, јазикот и идентитетот на турската заедница, пишува Мицкоски во честитката.

Преку почит и вреднување на разликите, додава Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и во иднина, ќе продолжи да дава значаен придонес за турската заедница.

Особено сакам да истакнам дека турскиот народ, култура и јазик се нераскинлив дел од Македонија и македонскиот народ и празнувајќи го овој ден, ние ги празнуваме и почитуваме разликите и придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобра држава. Во овие тешки моменти соочени со здравствена, економска и политичка криза, сакам да ви посакам овој ден да го прославите во заедништво, благосостојба, радост и мир, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод Денот на наставата на турски јазик.

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам празникот 21 Декември – Денот на наставата на…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 21 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.