Патот на Република Македонија кон Европската унија е закочен поради лошите и неразумни политики на Зоран Заев и СДСМ. Пазарџиска дипломатија која што ја демонстрираат Заев и Димитров е само поради непознавањето на дипломатската политика и бранењето на државните и национални интереси, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
Наместо вистински и реални реформи на општеството кои ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните, Зоран Заев реши да лицитира и да ги распродава националните интереси, надевајќи се дека така ќе се допадне на соседите, но и на членките на Европската унија. Ваквиот пристап на решавање на проблемите не само што не ја приближија Република Македонија кон ЕУ, туку дополнително ја оддалечија и покажаа дека државата ја водат пазарџии, а не политичари кои што достоинствено ги штитат интересите на државата и граѓаните, посочи тој.
Мицкоски истакна дека Зоран Заев и Никола Димитров како политичари кои релативно долго се на политичката сцена во Македонија, треба да знаат дека за националните прашања мора да постои државен консензус, а дури потоа да се преговара и разговара доколку е тоа потребно. Ваквата пазарџиска дипломатија која што ја демонстрираат Заев и Димитров е само поради непознавањето на дипломатската политика и бранењето на државните и национални интереси, истакна тој.
Зоран Заев е човекот кој за секој свој неуспех ги обвинува сите други политички субјекти, а кога ќе му се понуди меѓународна соработка која му овозможува власт и материјална придобивка, тогаш на масата ги става идентитетот, јазикот, историјата и се што е свето за македонскиот народ. Ваквите погубни политики ја клекнаа земјата на колена, а македонските граѓаните се најпонижениот народ во Европа, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи Резолуција до Собранието на Република Македонија, која што ќе ги дефинира македонските позиции во преговорите со источниот сосед.
Резолуцијата ќе претставува црвена рамка за Владата во однос на тоа кои се границите до кои таа, а и секоја наредна Влада, ќе смее да преговара и да разговара за националните интереси. Следува период во кој граѓаните ќе имаат зрела шанса да го променат ова безредие и да стават крај на разулавените распродажби на државата, потенцираше Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со секој граѓанин, рамо до рамо ќе се избори за промена на оваа ненародна власт и враќање на честа и достоинството на Република Македонија, порача Мицкоски на денешната прес конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.