Политичката партија Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ) се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска го потврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција.

За мене претставува посебна чест и задоволство да соопштам дека уште една десничарска про-опозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФроДеМ. Како што кажа и претставникот, препознавајќи ги политиките на новото раководство, а потребите на новото време за обединување на опозицискиот фронт, ФроДем одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ – посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.