Денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски, која се одржа пред средбата со избраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ беше прекината поради тоа што му се слоши на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазаов.
Мицкоски на Фејсбук информира дека Папазов е добро, а ветил и дека нема да го прескокнува појадокот.
На денешната прес-конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски.
А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот
Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!
Новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест и се онесвести за време на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски веднаш штом ги забележа случувањата зад него ја прекина прес-конференцијата и се упати кон Папазов по што му помогна по што го крена во раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.