Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска во Ново Лисиче присустуваше на отворањето на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ оттаму порача дека само преку спортот граѓаните може да го негуваат здравиот дух.
За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат. Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме. Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да го користат младите овдека во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот, бидејќи само во спортот имаме здрав дух, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи.
Состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.