Ова е прв од серијата протести кои што треба да го покажат и докажат гневот насобран во народот поради онаа неправда која што се случуваше во изминатите месеци, украдените и поткупени избори од мафијата на власт. Ова ќе биде прв од серијата протести против мафијата од Илинденска 2.

Богати мафијаши во владата, а сиромашен народ! Тоа е реалноста во нашата Македонија, порача Мицкоски пред присутните.

Овој пат кога неправдата станува закон отпорот и протестите ќе продолжат се додека не ве детонизираме онаму каде што со поткупени и наместени избори се наоѓате. Затоа ќе не има се повеќе и ќе не има насекаде низ цела Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.