Опозициските партии и Беса вечерва објавија дека договориле ново парламентарно мнизинство. По средбата во Собрането, изјава за новинарите даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мцкоски.
Обезбедивме мнозинство кое ќе гарантира дека оваа влада на СДСМ е минато. Ја очекуваме најавената оставка на Зоран Заев, а ако тоа не се случи ќе почнеме постапка со која ќе се изгласа недоверба на владата на Зоран Заев, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ќе почекаат викедов Заев да ја достави оставката до Собранието, а веќе в понеделник ќе започне постапката за гласање недоверба.
Средбата вечерва беше за да објавиме дека постои мнизинство, кое доколку Зоран Заев не ја поднесе оставката, ќе изгласа недоверба на неговата влада, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека постојат две опции – да се окрупни опозицијата и да нема избори или пак да одиме на брзи предвремени парламентарни избори.
Ова е мнизинство со кое се гарантира дека владата на Зоран Заев е минато, заврши Мицоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.