Ова кое денеска го слушаме од Заев се флоскули од пред 4-5 години, лични, навреди, квалификации многу ниско ниво, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи го настапот на Зоран Заев на вечерашниот ТВ дуел на 24 телевизија.

Позитивната кампања на Заев ја видовме на дело, освен лични навреди, квалификации, лаги друго ништо не слушнавме од Зоран Заев, така да се надевам дека ќе извлече поука за некои следни соочувања ќе биде поконкретен, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека Зоран Заев во недостиг на аргументи мора да се служи со квалификации и ниско ниво на дебата бидејќи во изминатите три години владата на СДСМ апсолутно ништо не сработи, ниту подобар живот донесе, ниту правда и мир, туку неправда и Луј витон куферчиња и „трас трас“ судски пресуди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.